21 Јануари, 2020
0.0194

Оливер Спасовски: Имам ново обезбедување, но јас го одбирав

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, денеска на новинарско прашање рече дека има друг состав на обезбедување кое се грижи за неговата безбедност во однос на претходното кога бил министер за внатрешни работи. Потврди дека не е ниту тоа кое го обезбедувало претходниот премиер Зоран Заев, туку сам го одбрал по своја проценка.

Според Спасовски, тоа не е како резултат на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој ги укина неговите претходни наредби и распореди телохранители во други организациони единици во Министерството за внатрешни работи. Теничниот шеф на Владата очекува дека оваа ситуација ќе биде надмината денеска во МВР.

- Институициите да продолжат да функционираат нормално на одржувањето на безбедноста и стабилноста. Знаеме дека примарна задача е да продолжат да функционираат проектите и програмите и да се организираат фер и демократски избори. Телата да не излегуваат надвор од рамките на Зкаонот на Влада и да не се нарушува функционирањето на институциите и да нема своеволно толкување на законите. Посебно да се внимава особено за МВР. Очекувам сите овие недоразборања да бидат надминати. Недоволното познавање да не направи да се потпишува секакви одлуки. Да не ги замараме граѓаните за тоа кој какви возила има. Тоа е последен приоритет за граѓаните. Директорот на Бирото за јавна безбедност да ја согледа реалноста и очекувам да се затвори денеска ова прашање. Да, точно е дека не е истото обезбедебување.Тоа се луѓе кои што јас сум ги избрал и проширен е составиот, рече Спасовски.

Чулев претходно потпиша телеграма доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известу раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици, престануваат да важат, со што тие треба да се вратат на старите работни места.




Можеби ќе ве интересира

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Европската Комисија се подготвува за следење на судските предмети во Македонија

Атиџе ЗАСЛУЖИЛА и порано некој да се сети на неа

Атиџе ЗАСЛУЖИЛА и порано некој да се сети на неа

Климатските промени нема да ги уништат пчелите, но ќе ја осиромашат трпезата

Климатските промени нема да ги уништат пчелите, но ќе ја осиромашат трпезата

КАСНАТИ ОД КУЧЕ ИМА СЕКОЈ ДЕН - Град Скопје уште ги средува „апартманите“

КАСНАТИ ОД КУЧЕ ИМА СЕКОЈ ДЕН - Град Скопје уште ги средува „апартманите“

Денеска стартуваат преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законот кој го бара Брисел

Денеска стартуваат преговорите помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за законот кој го бара Брисел

(Видео) Живот ли е ова: Мајка и син од Велес живеат во беда и без огрев

(Видео) Живот ли е ова: Мајка и син од Велес живеат во беда и без огрев

ФОКУС НА ДЕНОТ: Град Скопје ја презема „Дрисла“, Атиџе ќе добие работа во Општина Лозово

ФОКУС НА ДЕНОТ: Град Скопје ја презема „Дрисла“, Атиџе ќе добие работа во Општина Лозово

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА АТИЏЕ: Ќе добие вработување и ќе сними две песни

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА АТИЏЕ: Ќе добие вработување и ќе сними две песни

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад

Блацион: JO Бургас соопшти дека не се работи ниту за опасен ниту за токсичен отпад