20 Април, 2024
0.0271

Колку заработија фирмите што ги плодат парите на идните пензионери?

Објавено во: Економија 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Двете друштва кои менаџираат околу милијарда евра пари на идните пензионери лани заедно заработија 3,15 милиони евра. На едното друштво добивката за една година му пораснала за 26,4 отсто, а на другото 40 отсто

КБ Пево пензиско друштво, кое правува со пензиски фондови, оствари добивка од 112 милиони денари лани што е за 26,4 отсто поголема добивка од 2016 година, покажуваат официјалните податоци од извештајот на независните ревизори објавен деновиве на интернет страницата на „Македонската берза“. Само за потсетување, неговиот конкурент (ако така може да се каже н.з.) лани оствари добивка од 83 милиони денари и имаше годишна стапка на раст на профитот повисока од 40 отсто.
Очигледно е дека работата на двете друштва кои управуваат со пензиски фондови им одли одлично. Двете друштва заедно кои ги менаџираат парите на идните пензионери лани оствариле добивка (кумулатив) од 195 милиони денари!

Како работело КБ Прво пензиско друштво лани

Компанијата имала приходи во износ од 218,24 милиони денари и во споредба со 2016 година тие се повисоки за 9 милиони денари. Поголема приходна ставка се приходите од надоместок за управување и тие лани изнесуваат 123,5 милиони денари и се повисоки за 8,6 милиони денари од истите во 2016 година. Втората по големина приходна ставка се приходите од придонеси и тие изнесуваат 94,7 милиони денари и се повисоки за 440.000 денари од 2016 година. На расходната страна и кај КБ Прво, исто како и кај НЛБ Нов пензиски фонд, најголем е трошокот спрема МАПАС каде се уплатени 27,6 милиони денари. Тоа е за 2,3 милиони денари повеќе од 2016 година. За банката чувар (во нивниот случај НЛБ Скопје н.з.) трошокот е 18,16 милиони денари и е повисок за 2 милиони денари од претходната година. Во ланската година друштвото го намалило трошокот за маркетинг за значајни 2,5 милиони денари од 11,7 на 9,2 милиони денари. Расходите за управување со друштвото лани изнесувале 53,4 милиони денари и во споредба со 2016 година се пониски за 15,3 милиони денари. Најзначајно кратење на расходите е направено кај ставката останати расходи кои се преполовени од 19 милиони денари на 8,1 милиони денари. Компанијата има остварено и сосема солидни финансиски приходи. Тие изнесуваат 26,3 милиони денари и во споредба со 2016 година се поголеми за 7 милиони денари. Воедно значајно се зголемени и финансиските расходи на друштвото од 4,2 милиони денари на 9,1 милиони денари.

Ова друштво има два акционери и тоа: Прва Груп плц, Љубљана, Република Словенија со 51 отсто од акциите и Комерцијална банка АД, Скопје, со 49 отстоод сите акции.

Како лани изработи „Нов пензиски фонд“?

Вкупните приходи на компанијата лани достигнале 194,69 милиони денари и се за 8,8 милиони денари повисоки од вкупните приходи остварени во 2016 година. Нејзините приходи се состојат од две ставки. Првата е надоместокот од придонеси и тој лани изнесува 85,5 милиони денари и пораснал за 0,65 милиони денари во однос на 2016 година. Надоместокот за управување пораснал за 9 милиони денари од износ од 109,2 милиони денари. Оваа тенденција на раст се очекува да продолжи и во иднина. 
Расходот за управување со фондовите лани изнесувал 56,6 милиони денари и тој пораснал за 4,8 милиони денари во однос на 2016 година. Тука најголема е ставката за провизијата т.е. надоместокот за МАПАС државниот регулатор на работата на пензиските фондови кој лани изнесува 25 милиони денари и е за 2,2 милиони денари поголем од 2016 година. Банката чувар т.е. „Комерцијална банка“ лани за чување на средствата на двата фонда со кои управува „Нов пензиски фонд“ наплатила 17,8 милиони денари односно 2,65 милиони денари повеќе од 2016 година. Меѓу позначајните ставки е и трошокот за маркетинг кој изнесува 10 милиони денари. Кога ќе се удри цртата компанијата има добивка од управување во износ од 138 милиони денари и таа е за 4 милиони денари повисока од 2016 година. 
Од финансиски приходи на своите средства друштвото остварило приход од 15 милиони денари и тоа е од камати на депозити и од камати на вложувања во хартии од вредност.

Друштвото лани ги намалило трошоците за вработените за 6,9 милиони денари до износ од 46,3 милиони денари. Многу е позначајно кратењето на трошоците за клучниот менаџмент. Тие лани изнесувале 16,55 милиони денари, а се намалени за 7,4 милиони денари во споредба со 2016 година. Ова позитивно влијаело на нето добивката која достигнала 78,3 милиони денари и пораснала за 13,9 милиони денари до однос на 2016 година. Вкупната нето добивка пораснала за 19,35 милиони денари до износ од 83 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ