23 Април, 2024
0.0967

ОМИКРОН НАПАЃА: Короната ги окупира двете Америки побрзо од било кога

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Корона вирусот се шири во двете Америки побрзо од кога било од почетокот на пандемијата поради омикрон, па бројот на случаи се удвои минатата недела, на вкупно 6,1 милион, објави во средата Панамериканската здравствена организација (ПАХО).

Омикрон пристигна во речиси сите земји од Северна и Јужна Америка и се очекува брзо да стане доминантна варијанта во тој регион, објави здравствената агенција, која ги обединува речиси сите земји од двата континента.

Најголем број на нови случаи има во Соединетите Американски Држави, каде што најголем раст има во сојузните држави на истокот и на средниот запад. Значително зголемување на бројот на новозаразени имаат и Боливија, Еквадор, Перу и Бразил, а во Аргентина и Парагвај минатата недела тој се зголеми за речиси 300 проценти, соопшти ПАХО.

„Една од карактеристиките што го разликува омикронот од другите варијанти е тоа што има поблаги симптоми. Сепак, инфекцијата со омикрон може да биде смртоносна, особено за оние со послаб имунитет и невакцинирани“, рече директорот на ПАХО, Кариса Етјен.

Во Латинска Америка и Карибите, речиси 60 отсто од населението е вакцинирано. Чиле, Куба и Аргентина имаат меѓу највисоките проценти вакцинирани во светот, рече Етјен.


Можеби ќе ве интересира

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

МИЛИОНЕРКА ОД ДУБАИ ОТКРИ КАКО ИЗГЛЕДА НЕЈЗИНАТА КУЌА ПО НЕВРЕМЕТО: Куќата и била вредна три ипол милиони евра, за среќа имала слуги да и помогнат

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗНААТ КАКО ДА ЗАРАБОТАТ ГОЛЕМИ ПАРИ: Во оваа земја бројот на млади милионери скокнал за цели 75 отсто!

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

ЗЕЛЕНСКИ: Ако француските авиони можеа да го заштитат небото на Израел, зошто не и на Украина?

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА ТЕЛЕВИЗИСКАТА КУЛА ВО ХАРКОВ: Taa се скрши на половина и се урна

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СНИМКА: Еве како го уништија бродот Комуна на Крим

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Дуда: Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија