19 Април, 2024
0.0322

ОМИКРОН ПОТВРДЕН КАЈ 13 ПАТНИЦИ КОИ СТАСАА ВО ХОЛАНДИЈА: И другите позитивни се во карантин

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Новата варијанта на коронавирус Омикрон е откриена кај 13 лица кои пристигнале во холандскиот главен град Амстердам со двата лета од Јужна Африка. Претходно јавивме дека на ови елетови од вкупно 600 патници кај 61 имаше потврдено присуство на коронавирус. 

Овие летови се од петокот, а на аеродромот Шипхол во Амстердам настана вистински хаос откако беа задржани.

Истиот ден, веста за нов сој на корона одекна како бомба, а патници од Јужна Африка не се  дозволени во многу земји, поради страв дека е можно да се заразени со омикрон сојот.

Патниците кои биле позитивни на Ковид-19 се ставени во карантин во хотел во близина на аеродромот во Амстердам.

Оние кои биле негативни на тестот им беше побарано да се изолираат дома пет дена и да направат дополнителни тестови, додека на оние што беа во транзит им беше дозволено да го продолжат своето патување.

По објавувањето на 13-те случаи во неделата, холандскиот министер за здравство предупреди дека може да има дополнителни случаи на новата варијанта во земјата.

Инаку, Холанската влада донесе одлука од денеска да воведе дополнителни ограничувања, вклучувајќи и ноќно затворање на кафулињата, рестораните и повеќето продавници, за да го запре рекордниот раст на случаите на Ковид-19.


Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“