29 Март, 2024
0.0288

ОН: Либан две и пол недели без леб

Објавено во: Свет 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Либан би можел да остане без леб за околу две и пол недели, бидејќи 85 проценти од житото доаѓа преку пристаништето во Бејрут, уништено во експлозија минатиот вторник, јави новинската агенција АП.

Ова го изјави извршниот директор на Светската програма за храна (WFP) Дејвид Бизли и изјави дека е „многу, многу загрижен“. Бизли, кој во Бејрут ја проценува штетата предизвикана од експлозијата во пристаништето на 4 август и изгледите за закрепнување, додаде дека верува дека овој мошне важен трговски центар на Медитеранот би можел да започне со работа повторно овој месец.

На состанокот на ООН за хуманитарната состојба во Либан по експлозијата, водачот на WFP рече дека неговиот тим утврдил дека, и покрај последиците од експлозијата, пристаништето „може да биде оперативно на привремена основа“.

„Во соработка со либанската армија, веруваме дека можеме да исчистиме дел од таа област. Веќе испуштиме многу опрема од авионите, ќе сториме сè што можеме “, рече тој.

Рече дека се сретнал со министрите во либанската влада, која подоцна даде оставка, и додаде дека на ООН им е потребна „апсолутна соработка, без пречки“ затоа што луѓето на улиците се лути.

Според либанската државна телевизија, вчера, за прв пат од експлозијата, два брода допловија во пристаништето во Бејрут, од кои едниот донесе жито. Шефот на синдикатот на пристанишните работници, Бехра Асмар, рече дека  во експлозијата биле уништени силосите за житото, и тоа сега ќе се пренесува директно од бродовите до камионите во делот од пристаништето кое не било оштетено.

Бизли рече дека брод со 17.500 тони пченично брашно треба да пристигне во Бејрут во рок од две недели и дека ќе му обезбеди на Либанците леб за 20 дена. Потоа пристигнуваат 30.000 тони пченица, а потоа уште 100.000 тони во наредните 60 дена, рече тој.

Во експлозијата на 2.750 тони амонијак нитрат, складирани во пристаништето шест години без мерки на претпазливост, загинаа 220 лица, повредени се 6.000, исчезнаа 110 лица, а 300.000 останаа бездомници.

Либанците, кој долго време ја обвинуваше политичката елита за корупција, небрежност и лошо работење, во последниве денови повторно организираа масовни протести, барајќи реформи.


Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО