Она што за Путин е многу вредно е во Загреб, и ќе дојде да го побара
Објавено во: Свет 22 Мај, 2019
Хрватите имаат нешто руско што вреди милиони.
Рускиот претседател Владимир Путин треба идната година да ја посети Хрватска, каде со претседателката Колинда Грабар Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ најверојатно ќе разговара и за сликите на рускиот уметник Николас Роерих (роден како Николај Константиновиќ Рерих). Станува збор за десет негови вредни слики кои повеќе од 85 години се наоѓаат во Модерната галерија во Загреб.
Рускиот амбасадор Анвар Азимов предложил да ѝ се предадат тие слики на Русија. Роерих од Русија заминал уште од 1917 и никогаш не се вратил.
Азимов изјавил дека иако сликите се добро згрижени во Модерната галерија, Русија ги бара бидејќи таму „ќе бидат побарани“. Пред да се вратат делата на овој уметник, се смета дека потребно е да се утврди прашањето со сопствеништво, па затоа руската амбасада започнала разговор со Министерството за култура на Република Хрватска.