24 Април, 2024
0.0269

Oние кои ја бранеле БиХ од 1992 до 1995 да не патуваат во Србија

Објавено во: Балкан 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Сите кои учествувале во одбраната на Босна и Херцеговина да не патуваат во Србија. 

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) им препорача на сите граѓани на БиХ кои на кој било начин биле вклучени во одбраната на БиХ во периодот од 1992 до крајот на 1995 година, да не патуваат во Република на Србија до понатамошно известување.

„Предупредувањето е издадено поради ризик од апсење и гонење во Република Србија под обвинение за воени злосторства a врз основа на претходни случаи на апсење на државјани на БИХ против кои не се водат постапки во БиХ, ниту пак се обвинети за воени злосторства од судските институции на БиХ“, се вели во соопштението.

Министерството за надворешни работи наведува дека предупредувањето е издадено поради околности во кои институциите на Република Србија не покажуваат волја за активна меѓународна соработка и размена на информации во оваа област, врз основа на претходно потпишаните протоколи и меѓународното право.

Во неделата, на 12 септември, Един Врањ, поранешен шеф на секторот за криминалистичка полиција во Федералната полициска управа на БиХ и поранешен шеф на Одделот за организиран криминал во БиХ, беше уапсен на граничниот премин Увац помеѓу Србија и Босна и Херцеговина.

Претходно денеска судијата на претходна постапка на Високиот суд во Белград, донесе одлука со која се определува 30-дневен притвор за Врањ.  Тој е уапсен врз основа на распишана потерница под сомнение дека сторил воено злосторство.

Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека е известено за апсењето на Врањ од медиумите, и дека не добило никакво официјално известување или информација од надлежните органи на Србија.

Во соопштението стои  дека Обвинителството на БиХ постапило врз основа на извештај поднесен од надлежните полициски органи против повеќе лица, кој се однесува на наводи за воени злосторства извршени врз српски жртви во зградата на ЗОИЛ во Горажде во 1993 и 1994 година.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“