Оние кои купиле државјанства од оваа земја сега ќе ги изгубат
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2019
Луѓето кои купиле државјанства од Кипар сега ќе ги изгубат.
Кипар денеска го започна процесот на одземање на кипарското државјанство на 26 лица, кои го добиле во рамките на шемата „инвестициски пасош“.
Властите не ја открија националноста или идентитетот на засегнатите лица или зошто е почнат процесот.
Ројтерс објави минатиот месец дека богатите роднини и сојузниците на Камбоџанскиот премиер Хун Сен добиле кипарски пасоши според истата шема, но тој негирал.
фото Википедија