25 Април, 2024
0.0380

Оние што се двоумеа, сега знаат што треба да прават по ставот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Прогнозите на аналитичарите и гласините од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како точни и по неколку одложувања, конечно синоќа пред полноќ опозициската партија го објави неутралниот став со кој се повика членството да постапува по слободна волја, свест и убедување на 30 септември за кога е распишан референдумот за Спогодбата од Преспа.

- Секој граѓанин да постапи по сопствено убедување, не одлучува партијата, ова е надпартиско прашање. Ова што ви го кажувам допира до секој од вас, само треба да го слушате вашето срце и разум. На Македонија и е потребна мудрост - рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во доцните часови во партиското седиште по завршениот централен и извршен комитет.

Мицкоски и партиското раководство со тоа го продолжуваат она што го демонстрираа на протестниот марш во Кичево пред десетина дена - апстиненција од превземање државничка одговорност за националните интереси и се уште недокажани лидерски способности.

Говорот беше во контекст дека „партиските начела нема да ги погазиме, но со сила сме натерани да не искажуваме негативен став“.

Ова се историски мигови, судбоносни за опстојувањето на Македонија, онака како што ја паметиме. Потребен е исчекор, вели власта, но и огромна бездна - промена на името. Идентитетот, пасошите и личните карти. Владата ги сруши сите преговарачки позиции градени со години. Македонија е во тешка и деликатна ситуација, водена од луѓе само со личен интерес. На патриотизмот почна да се гледа како на нешто лошо.оИма работи кои имаат висока цена, но и работи за кои не може да се плати никаква цена. Зоран Заев хазардерски ветува работи кои не се во негова моќ и не може да ги исполни. Принципот беше да нема задирање во Уставот и идентитетот. ДОговорот е документ кој не го прифаќаме и остануваме на ставот дека сме против него, бидејќи е против нашите партиски начела. Се прифаќа комисија за ревидирање на културата и традицијата. ВМРО ДПМНЕ е за НАТО и ЕУ, Им создаваат лажни надежи. Со кампањата кажуваат само што може да добиеме, а не и што губиме, се дел од пораките што беа упатени на прес-конференцијата.

Се очекува по овој став да нема поголеми промени во структурата „за - против - бојкотирам“ , но сепак да влијае на поголема излезеност кај оние кои се уште досега се двоумеа и немаат изградено став.каде припаѓаат. По оваа декларација, се потврдува дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е национален консензус и потреба.

Поголем дел од времето од прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше искористен за критики на дневните политички активности и делувања на Владата предводена од СДСМ. 

Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад