20 Април, 2024
0.0280

Онлајн кредитите дел од финансискиот сектор во сите европски земји

Објавено во: Финансии 27 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Со порастот на економијата и зголемувањето на потребите на граѓаните, но и со развојот на технологијата, во последната деценија се отворија бесконечен број можности за користење на онлајн кредитите. За решавање финансиски итни случаи, било да е тоа за здравствена интервенција, покривање на трошоците во образовниот процес, плаќање комунални услуги  и слично, многу луѓе претпочитаат да користат онлајн кредити бидејќи процесот на апликација е брз и едноставен, а апликацијата генерално се обработува брзо.

Онлајн кредитите не се новитет во Европа и светот каде постојат голем број финансиски друштва кои обезбедуваат онлајн кредити. Во Европа, првите компании кои одобруваа онлајн кредити се создадоа на почетокот на 2000 година, а од тогаш ова стана тренд во сите земји. Шведска беше светски лидер во овој сегмент и имаше цврста пазарна позиција до 2008 година, а денес во оваа земја постојат голем број финансиски друштва кои нудат онлајн кредити со кои на потрошувачите им се нудат многу алтернативи за избор. И Норвешка исто така инвестираше многу во сегментот на брзо кредитирање. 

Од 2008 година, светот на финансиски друштва брзо се прошири и стана пазар полн со конкуренти кои се натпреваруваа да обезбедат најдобри и најприфатливи онлајн кредити, овозможувајќи им на потрошувачите за краток рок да ги добијат потребните средства за решавање на животни прашања. Всушност, тоа и е целта на постоење на финансиските друштва - да ја надополнат финансиската активност на банките и да им овозможат на граѓаните, во поедноставна процедура на аплицирање, во многу куси рокови, да ги добијат потребните финансиски средства што е невозможно да се случи кај банкарските услуги. Дополнително, овие друштва не земаат депозити како банките, што им овозможува да имаат олеснети критериуми при одобрување на кредит и фокусот им е ставен на лесен и едноставен начин на аплицирање, како и брзо и квалитетно ниво на услуга. На крајот на денот, овие друштва располагаат со сопствен капитал и истиот им е во интерес да биде наплатен согласно проекциите, а не да предизвикаат поголемо задолжување кај граѓаните.

Отворањето на финансиските друштва во земјава се овозможи со Законот за финансиски друштва кој беше донесен кон крајот на 2010 година со цел услугите на ваквите друштва да станат дополнување на кредитната активност на банките, особено за клиентите со ограничен пристап до кредитите поради поконзервативната кредитна политика на банките, поради лоша кредитна историја, и слично.

Според податоците од Народната банка и Министерство за финансии може да се види дека интересот од страна на граѓаните за ваков тип на позајмици е во постојан пораст. На крајот на минатата година финансиските друштва кои одобруваат онлајн кредити имаат пласирано средства во висина од 33,6 милиони евра, од кои најголем дел, или речиси 95 отсто биле пласирани кај граѓаните. На истекот на 2016 година вкупната актива на финансиските друштва била 16 милиони евра, што е за двојно помалку од сумата на крајот на 2017 година, што е најдобар доказ дека кај населението во земјава постои има голема потреба за ваков вид позајмици. 

 Со онлајн кредитите, финансиските друштва и во Македонија создадоа услови физичките лица да добијат опција за брзо решавање на финансиски проблеми со кои се сочуваат, без обемна администрација, без залудно потрошено време и без скриени  трошоци.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин