26 Април, 2024
0.0276

Онлајн промоција на книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од основоположникот на катедрата за етномузикологија Ѓорѓи Ѓорѓиев

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ на универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде промовирана онлајн на 25 ноември (среда) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Книгата ја објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача преку веб-страницата www.literatura.mk. Модератор на онлајн промоцијата ќе биде етномузикологот Бранка Костиќ Марковиќ, а покрај професорот Ѓорѓиев за делото ќе говори и уредникот Филип Видиновски.

„Најстар стил на македонското народно пеење“ е опсежна студија на нашата вокална традиција и фокусот во делото е ставен на најстарите женски обредно-обичајни и трудови песни што содржат извикувања, а авторот ја расветлува генезата, формата и содржината на поставените прашања од оваа проблематика.

 
Проф. д-р Ѓорѓиев е прв доктор на музички науки на ФМУ во Белград од неговото постоење, а и меѓу првите во поранешна Југославија, со огромно искуство и широк опсег на истражувања. Воедно, тој е и основоположник на одделот по етномузикологија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Главен предмет на неговиот истражувачки авторски опус е развојот на македонската песнопојна традиција.
 
Оваа публикација е адаптација на неговата докторска студија и претставува исклучително важна придобивка за македонската научна етномузиколошка мисла. Во „Најстар стил на македонското народно пеење“, Ѓорѓиев се нурнува длабоко во предисторијата на македонското народно пеење, реликтните форми што содржат извикување, пред сè кај формите употребувани во предисториски говори оптоварени од безброј извикувања што без сомнеж претставуваат најсигурен, убедлив и неоспорен показател за идентификација на староста на песните со извикување што го олицетворуваат најстариот стил на македонското народно пеење.

*ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет