25 Април, 2024
0.0331

Онлајн промоција на книгата Вистинска приказна за двете соседни кралства од Марија Костадиновска

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ на младата авторка Марија Костадиновска ќе биде промовирана онлајн, во понеделник (2 ноември), во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и веќе е достапно во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на www.literatura.mk. Промоцијата ќе ја води уредничката Бисера Бендевска, која ќе разговара со писателката за оваа книга, како и за идните планови.



 
Марија Костадиновска е дипломиран филолог, професионален едриличар и авторка на делото за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“. Илустрациите во книгата се на Александра Филипоска. Ова воопшто не е некоја обична приказна, туку вистинска е. За две вистински соседни кралства. За Хана, една вистинска кралица и за Фран, еден вистински крал. И не се случило еднаш, некогаш, многу одамна во двете вистински кралства, како во сите други приказни, туку сега вистински се случува...
 
– Хана и Фран (главните ликови) иако ги имаат своите кралства тие ги губат. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и засекогаш. За да ги вратат изгубените кралства ќе мора да се потрудат. Насоките се и повеќе од јасни. Најпрвин ќе треба да научат многу нови нешта. Да бидат истрајни. Мудро и логично индивидуално да размислуваат, но да дејствуваат тимски. За на крајот да дојдеме до заклучокот дека најважна е среќата. Успеваат, создавајќи го кралството на среќата. Хана и Фран се сите деца, затоа и оваа приказна е вистинска! – вели авторката Костадиновска.


 
Младата авторка која не живее во земјава веќе подготвува и нови дела за најмладите кои наскоро ќе ја видат светлината на денот.

*ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка