20 Април, 2024
0.0274

Онлајн-промоција на македонски превод на комедијата „Мир-Божица – Ејрене“ од Аристофан

Објавено во: Мои пари 26 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Македонскиот превод на делото „Мир-Божица – Ејрене“ на грчкиот комедиограф Аристофан ќе биде онлајн промовирано на 28 јануари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Грчкиот комедиограф Аристофан напишал 44 комедии, но само 11 се зачувани, меѓу кои и „Мир-Божица – Ејрене“, која неодамна беше објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од старогрчки јазик и предговорот на делото се на пензионираната универзитетска професорка Елена Колева и делото веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

На онлајн-промоцијата за оваа комедија ќе говорат уредникот во издавачката куќа „Арс Ламина“, Ведран Диздаревиќ и универзитетската професорка на Институтот за класични студии, Весна Томовска.


 

Според нововековните теоретичари, естетичари и поетолози, Аристофан е извонреден, современ поет, особено со „досегот на апсолутна слобода на духот“. Филозофот Хегел вели: „Аристофан најсилно посакува на шеговит, воедно и најзадлабочен начин, да ги изложи на потсмев своите сограѓани, заплеткани во демократски улавштини, да ги исмее тие ретори и државници и да ја изложи на потсмев бесмисленоста на војната и, пред сè, немилосрдно да ја исмее новата насока на трагедијата што ја воведува Еврипид“.
 
Овој автор честопати си игра со познати херои и реални личности, сместувајќи ги во комични, фантазмагорични ситуации. И покрај историскиот момент, комедиите на Аристофан пулсираат со современост и универзалност – светот се менува, но „комедијата нема крај“!


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција