29 Март, 2024
0.2943

Онлајн промоција на „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

На 2 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“.

Книгата што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени до нас преку грчката култура и писменост или создадени во неа.

Во оваа мала книга писателот Томислав Османли преку своето вешто и искусно перо ни раскажува неколку приказни што оставиле и што сè уште оставаат печат врз културата и историјата.  Раскажувањето почнува со падот на древниот континент Атлантида и војната помеѓу титаните и боговите, што, пак, директно води кон даровите на Прометеј и отворањето на Пандорината кутија. Следуваат две големи авантури и патешествија: задачите на силниот Херкул и пловидбата на храбрите аргонаути – две приказни богати со претстави на борби, чудовишта, магија и љубов. Тројанската војна и враќањето на Одисеј, заедно со подвизите на Персеј, се приказните со кои Османли го затвора циклусот со избраните најстари повести, а на крајот, во јасен поговор, да ги објасни митовите и да го разјасни контекстот од кој потекнуваат.

Целта на оваа книга е на јасен и автентичен начин на младата читателска публика да ѝ се доближат најстарите приказни што се појавиле во мугрите на западната цивилизација. Зашто, „митовите се живите мечти дојдени од медитеранскиот дел на древниот свет во големиот современ свет – запечатени во културата и во колективното несвесно“. Со други зборови, колку и да се стари, овие приказни секогаш ќе останат „современи“ заради возбудливите настани и силните етички пораки во нив.

„Најстари приказни“ веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на следниот линк: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14128

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија