Опасен криминалец се крие во соседството
Објавено во: Балкан 21 Мај, 2019
Рускиот криминалец Реваз Исмаилович Кахмазов, познат како Резо Лоткинскиј, се крие во Албанија.
Таму тој е под идентитетот Реваз Мендеки, објави порталот Албеу, повикувајќи се полициски извори.
Руските власти против 44-годишниот Кахмазов имаат распишано меѓународна потерница под обвинение за учество во серија вооружени грабежи, трговија со дрога, измама, продажба на наркотици во затвор и членство организирана криминална група,
Кахмазов учествувал во 21 вооружен грабеж и 20 убиства, при што во 18 убиства се вмешани и други членови од неговата група.