ОПАСНА ДРОГА: Деца завршија во болница
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2018
Шест деца во хрватскиот град Осиек поради опасна дрога, завршиле во болница. Се работи за деца на возраст од 13 до 17 години, кои се задржани во болницата во Осиек поради пушење на т.н. освежувач на воздух, односно синтетичка улична дрога, со силен и опасен по живот ТХЦ-дериват. Децата коишто завршиле во болница во тешка состојба се од Осиек, Ѓаково, Пожега и Барање. Конзумирале т.н освежувач на воздух од кој во 2015 година почина 15-годишно момче од Загреб.
„Децата кои се згрижени кај нас со денови чувствуваат страв дека некој ќе ги нападне, не можат да спијат, слушаат различни гласови, ни велат дека слушаат глас кој им кажува дека некој ќе ги убие, се плашат дека ќе си ја откинат раката…Тоа се страшни ситуации“- вели за „Јутарњи лист“ докторката, Катарина Додиг Ќурковиќ.