„Опасниот“ Барбарусис повторно на слобода
Објавено во: Балкан 21 Јуни, 2018
Грчките власти го ослободија од притвор пратеникот на екстремно десничарската партија Златна зора, Константинос Барбарусис на кој ќе му се суди за повикување на државен удар во земјата, откако во самиот законодавен дом им се закануваше на владините функционери пред потпишувањето на договорот на Скопје и Атина во Преспа.
Тој треба да плати 30 илјади евра, а забрането му излегување од Грција. Барбарусис беше уапсен во понеделникот, три дена откако во парламентот, за време на дебатата за грчко македонскиот договор за името, повика војската да го уапси грчкото раководство. Барбарусис кој остро се противи на владиното решавање на спорот, подоцна ги повлече забелешките.
Доколку биде осуден тој може да добие казна од над 20 години затвор. Барбарусис е исфрлен и од неговата партија Златна зора.