ОПАСНО ТРЕСЕЊЕ ВО ТУРЦИЈА: Силен земјотрес го погоди западниот крај на земјата
Објавено во: Балкан 20 Март, 2019
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер го погоди западот на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Во исто време турските медиуми јавуваат дека потресот бил со јачина од 5,6 степени.
Како што се наведува епицентарот бил на 123 километри од Анталија во провинцијата Денизил во западниот дел на Турција. Потресот се почувствувал и во соседните провинции Измир и Анталија.
Во овој момент нема информации за жртви или штети предизвикани од земјотресот.