ОПАСНО ВО ХРВАТСКА: Поради поплавите почнаа да се уриваат куќи
Објавено во: Балкан 13 Март, 2018
Во Хрватска Костајница урнати се десетина куќи, а евакуирани се луѓе од уште десетина, јави ХРТ.
Водостојот на реката Уна надмина 450 сантиметри.
„За среќа, според првични информации во овој момент нема човечки жртви ниту сериозни повреди“ – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Тој рече дека на луѓето ќе им се обезбеди сместување и помош при обнова на куќите.
Премиерот додаде дека главни причини за одроните се големите количини снег што во изминатите денови паднале во Хрватска Костајница и со брзото топење е предизвикано големо лизгање на земјиште.
Во неколку општини поради поплавите е прогласена вонредна состојба.
На терен помага армијата.