Опериран од рак, со велосипед стигна до Брисел за да ја подржи „Излези ЗА заедничка Македонија“
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2018
Велешанец опериран од рак на дебелото црево со велосипед пристигна во Брисел за да ја поддржи кампањата „Излези ЗА европска Македонија“, а згора на тоа може да се каже дека финишот го одбележал со уникатен дизајн на кошулата.
Педесет и седумгодишниот Ване Михајловски на 5 септември замина од Велес за Брисел на велосипед. Таму тој бил пречекан од амбасадорот на Република Македонија при НАТО, Зоран Дабиќ.
Михајловски во изјава за „Нова Македонија“ вели дека се одлучил на овој потег со цел да пренесе две пораки.
– Јас сум опериран од рак на дебелото црево. Кога слушнав за референдумот решив да ги спојам овие две работи За Европска Македонија, зашто верувам дека ако влеземе во ЕУ ќе имаме подобро здравство, како и за болните од рак, да не се предаваат, да продолжат да се борат, зашто луѓето кога ќе слушнат рак веднаш помислуваат на смрт. Но не е така, не треба да се падне, со физичката активност се исфрла киселоста која го храни ракот и треба што повеќе да се биде во природа, затоа што кислородот ги убива малигните клетки, вели Михајловски.