ОПОМЕНА ОД ФРАНЦИЈА: Една земја може да ја разниша еврозоната
Објавено во: Економија 20 Мај, 2018
Францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер вели дека стабилноста на еврозоната ќе се доведе во прашање aко новата италијанска Влада не ги почитува финансиските обврски.
„Ако новата Влада ризикува и не ги почитува обврските во врска со долгот и дефицитот, но и со „чистењето“ на банките, тоа ќе биде закана за финансиската стабилност на еврозоната. Сите мора да знаат дека иднината на Италија е во Европа, а ако е така, тогаш правилата мора да се почитуваат“- рече Ле Мер.
Брисел реагира поради најавата на новата италијанска коалиција за натамошно зголемување на јавните трошоци, а Италија веќе е презадолжена.