19 Април, 2024
0.0340

Опозицијата ја дефокусира јавноста, сметаат невладините: Од власта бараат план за менаџирање на бегалците!

Објавено во: Македонија 02 Август, 2017

Добивај вести на Viber

“Опозициските пратеници сакаат да предизвикаат страв во државата дека демне опасност од наплив на бегалци  кои наместо транзитна земјава ќе ја направат свој дом. Реалноста покажува дека за жал опозициските пратеници имаат за цел да ја дефокусираат јавноста за некакви цели без да ги земат предвид потребите на луѓето кои бегаат од војни, конфликти, затворени режими и други социо-економски неприлики”- вели за Фактор, Јасмина Голубовска од невладината Легис која со години работи активно на проблемот со бегалците.

Острата дебата во законодавниот дом според неа покажала дека опозициските пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не се доволно информирани за статистиките од терен и реалните состојби со  кои се соочуваат бегалците. 

Во моментот како што вели нема поголеми движења од соседна Грција и Турција, каде што впрочем е влезната точка на рутата. Во меѓувреме опозицијата ја обвини власта дека крати пари од граѓаните за изградба на станови и отворање на работни места за бегалците од Сирија, Ирак, Авганистан. Власта пак тврди дека планот е донесен доброволно и ќе ги реши проблемите создадени за време владеењето на Вмро- Дпмне.

“До сега е одобрено 1 барање за азил на две малолетни и едно полнолетно лице кои што се влезени во процес на интеграција. Во однос на изминатата 2016-2017 г. има 1 ново барање за азил на семејство, додека за бројот на луѓето кои транзитираат низ државата, веруваме дека бројките се значително помали. За тоа сведочат бројките на ново пристигнати луѓе на северната граница во транзитниот центар Табановце  и нови баратели кој изнесува 0. Што се однесува до ирегуларниот влез преку организирани криминални групи, сметаме дека Министерството за внатрешни работи треба да располага со повеќе информации на оваа тема ”- додава Голубовска од Легис.

Пратениците од опозицијата според неа го повредиле Деловникот и принципот на поделба на власт и владеење во Република Македонија. Од собраниската говорница наместо дебата за стратегијата вели се упатиле остри партиски критики.

“Од страна на Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика грубо беа повредени Деловникот и принципот на поделба на власт и владеење во Република Македонија. Седницата беше итно закажана, иако документот за кој е покрената расправа се наоѓа во нацрт-фаза и за кој невладините организации веќе се поканети да дадат коментари до 08.08.2017 г. до МТСП кое навремено не извести дека ќе формира работни групи во кои и невладиниот сектор ќе земе учество. Додека процесот не заврши во МТСП и согласно Уставно загарантираната поделба на власта, јавната расправа за која повика Влатко Ѓорчев е беспредметна и непотребна а, како таква, укажува на потенцијална злоупотреба на невладините организации кои работат со луѓето препознаени како дел од бегалската и мигрантска популација” – објаснува Голубовска.

Како аргумент повеќе дека пратеникот  Ѓорчев ја злоупотребил функцијата на Комисијата како претседател,  а воедно и како долгогодишен пратеник кој ја знае практиката за јавни расправи  според неа било  и доделувањето  на право прв да се обрати во улога на пратеник кој повеќе од еден час ја злоупотребил говорницата.

“Со излагање од 1 час и 10 мин. иако листата на пријавени веќе беше пополнета и со тоа ја злоупотреби функцијата претседател на комисија, игнорирајќи ги поканетите претставници на извршната власт, граѓанските здруженија и засегнати граѓани.  Во голем дел во расправата учествуваа заменици на членовите од ВМРО-ДПМНЕ а, во отсуство на научната и експертска јавност која е предуслов за отварање на вакви расправи. Во спротивно на горенаведеното,   беа злоупотребени сите ресурси на законодавниот дом, граѓаните и претставниците на институциите за потреби на пратеникот кои остануваат нејасни за засегнатите страни”- потенцира Голубовска.

Нацрт-стратегијата и акцискиот план  за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година како што вели укажува на потреба за промени.

“За конкретни мислења и предлози би ценеле доколку прво ги артикулираме пред Министерството за труд и социјална работа а, потоа и во писмена форма со јавноста преку нашиот правно-политички тим кој работи на детална анализа на документот”- додава Голубовска.

Во моментот нема поголеми движења од соседна Грција и Турција, каде што впрочем е влезната точка на рутата, но според Голубовска времето ќе покаже  дали работите ќе се променат во септември по завршување на туристичките сезони во тие држави каде што има поголема можност за работа и заработка, имајќи предвид дека едногодишното затворање на границите ги намали финансиските можности за патување.

“Во однос на институционалното справување, успеавме во изминатите речиси 3 години да овозможиме безбеден транзит за речиси 1 милион луѓе од кои добивме одговор за нивната крајна дестинација која што не е Република Македонија. И по затворањето на рутата луѓето кои пристигнуваат од 2016 г. до денеска не се задржале долго на територијата, напротив, бројките на луѓе со подолг престој се многу мали. Во однос на шпекулациите за бројки кои од непознати за нас причини се изнесуваат во јавноста, упатуваме да се бараат одговори до релевантите институции а, пред се Канцеларијата на Претседателот на РМ кој би можел да одговори за меѓународните обврски превземени од Македонија во билатерални и мултилатерални договори, голем дел потпишани во текот на 2015-16 г”- порачува координаторката од невладината Легис.

Во моментов на јужната и северната граница, објаснува Голубовска  повеќе од 4 месеци престојуваат 38 лица чии неизвесни судбини ги ставиле на транзитната линија преку Македонија до подобра иднина.

С.Б. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени