27 Септември, 2023
0.0245

ОПОЗИЦИЈАТА ПРЕДЛАГА ОДЛАГАЊЕ НА ПРОГРЕСИВНОТО ДАНОЧЕЊЕ, но и намалување на даночната стапка на осум проценти

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Повторно одложување на примената на Законот за прогресивно даночење бараат претставници на најголемата опозициска партија. Тие во Собранието доставија Предлог на законот за изменување на Законот за данок на личен доход, каде бараат одложување на примената на прогресивниот данок за најмалку уште една година.

-  Со Законот за данокот на личен доход се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.Овој Закон беше донесен во 2018 година кога министер за финансии беше Драган Тевдовски. Членот 11 од Законот за данокот на личен доход се однесува на даночните стапки и во него се предвидува дека за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, данокот на доход се плаќа по прогресивни стапки од 10 отсто на годишна даночна основа до 1.080.000 денари, а за износот над тоа даночната стапка е за 80 проценти повисока. За доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг приход се плаќа по единствена стапка од 15 отсто. За орочените депозити за доходот остварен по основ на камати се плаќа данок од 10 проценти – стои во образложението на законот.

Опозициските пратеници потсетуваат дека за помалку од една година откако беше донесен законот со кој беше воведен прогресивниот данок, министерот Тевдовски беше разрешен, по што Владата предводена од СДСМ и ДУИ предложи ново законско решение со кое е опфатен прогресивниот данок на личен доход. Меѓу другото тие укажуваат на тогашните приччини за одложување на прогресивниот данок како и дека ќе следат анализи за него. 

- Владата предлага во периодот на одложување на примената на прогресивното оданочување Министерството за финансии да креира соодветен систем на прогресивно оданочување, земајќи ги предвид мислењата на засегнатите страни, зголемување на даночниот морал, зајакнување на довербата во институциите и намалување на сивата економија. Во делот за оцена на финансиски последици од законот со кој се одложи примената на прогресивното оданочување, Владата навела дека и покрај одложувањето на прогресивното оданочување се очекува зголемување на приходите по основ на данок на личен доход во републичкиот буџет – потенцираат опозиционерите.

Тие исто така додаваат дека во период од три години не е доставено до Собранието или призентирано на јавноста анализа која ќе укаже дека моделот на оданочување кој беше замрзнат во 2019 година сега ќе даде подобри резултати. 

-  Во овие три години справувањето со сивата економија не е значително унапредено и поради горенаведените причини сметаме дека пратениците треба да поддржат законско решение за одложување на примената на прогресивниот данок за најмалку уште една година. Во насока на ова е и фактот што на помалку од два месеци до новата фискална година ниту министерот не знае што од предлозите за даночна реформи ќе се спроведе, со што повторно се остава бизнис заедницата во грч поради непредвидливост во даночната политика. ВМРО – ДПМНЕ како политичка партија е против концептот на прогресивно оданочување и смета дека во моментов во Македонија е потребно и понатаму да се применува концептот на рамни даноци, со постепено намалување до 8 отсто – се потенцира во предлог законот доставен во Собранието.

Во законското решение исто така се додава дека прагот по кој ќе се применува даночната стапка од 18 отсто изнесува 90.000 денари што претставува износ поголем за 1,9 пати отколку просечната месечна бруто плата исплатена за месец август од оваа година наспроти 2,5 пати поголемиот сооднос со просечната бруто плата во август 2018 година.

-  Целта на предложените измени на Законот за данокот на личен доход е да се продолжи мирувањето на примената на прогресивниот данок на личен доход за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од автоските и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи за период од дополнителни 12 месеци. Задржување на моменталната состојба треба да има и во делот на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, осигурување и други доход кои се оданочуваат со 10 проценти, а доколку не се донесат овие измени давачките по основ на данок ќе им се зголемат за 50 отсто од 1.1.2023 година. Граѓаните кои имаат орочени депозити во банките ќе треба да плаќаат данок на доход од 10 отсто за добиената камата која е минимална иако нивните средства губат вредност на месечна основа во услови кога инфлацијата во Македонија е близу 20 проценти и е двојно поголема од ЕУ – појаснуваат предлагачите на законот.

Врз основа на членот 170 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, бидејќи не се работи за сложен и обемен закон, предлагачите бараат Собранието да расправа по скратена постапка.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

„Десфа“ е избрана за надзорник на изградбата на гасоводот помеѓу Македонија и Грција

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

СВЕТОТ ЗА ОВА НЕ Е ПОДГОТВЕН: Глобално предупредување

Турската лира колабира во однос на доларот

Турската лира колабира во однос на доларот

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Пијалоците од утре поевтинуваат за 10 отсто

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Владата ги ограничи профитните маржи за овошјето и зеленчукот

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ПОЧНАЛА БЕЗ КУНА ВО ЏЕБОТ, А ДЕНЕСКА ПРОИЗВЕДУВА 120 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ПИВО ГОДИШНО - успешна приказна на една задруга

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГРАДИ 400.000 НОВИ СТАНОВИ ГОДИШНО, 100.000 ЌЕ БИДАТ СОЦИЈАЛНИ: Владата инвестира 45 милијарди евра