19 Април, 2024
0.0429

Опозицијата со реакција: Интервентниот фонд е наш амандман прифатен од власта

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Опозицијата реагира дека власта требало самоиницијативно да нагласи дека прифатениот амандман за Земјоделскиот интервентен фонд од 250 милиони денари во буџетот за 2022 е по нивна иницијатива.

На амандманската расправа за Буџетот за 2022 година по неколкучасовна аргументирана дебата, беше усвоен Амандманот за обезбедување на финансиски средства во висина од околу 250 милиони денари за Интервентниот фонд во земјоделството.

„Имено, благодарение на нашата амандманска интервенција, во 2022 година ќе се обезбедат финансиски средства во висина од 4 милиони евра за директно интервенирање во услови на пазарни пореметувања и ценовно порамнување на висината на производната цена со откупната цена за земјоделските производи.

Ова е уште една потврда дека пратениците од СПМ, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се единствените народни избраници на кои македонскиот земјоделец може да верува и да очекува поддршка и борба за решавање на нивните проблеми и потешкотии, бидејќи очигледно за власта земјоделците се невидлива категорија на граѓани кои не заслужуваат никаква помош.

На крајот, сакаме да упатиме порака до власта предводена од СДСМ, наместо да се занимаваат со евтино политиканство и лажен популизам, конечно да ги засукаат ракавите и да си ги заработат своите огромни плати кои што ги земаат од граѓаните, бидејќи на лагата кратки и се нозете“, објави Љупчо Димовски, поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот за финансии Фатмир Бесими единствено вчера нагласи дека средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија.

– Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците, рече Бесими, истакнувајќи, меѓу останатото, дека тренд на зголемување има и кај средствата за зелен развој и оти само за аерозагадување преку нова програма се предвидени 1,7 милијарда денари, соопшти Бесими.

За петдневната амандманска расправа текстот  треба да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собранието, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае пет дена.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите