20 Април, 2024
0.0325

ОПОЗИЦИЈАТА СО „УЛТИМАТУМ“, ВЛАСТА НЕ ЈА ДАВА КАТИЦА: Ќе попушти ли некој денес за Законот за СЈО?

Објавено во: Македонија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Ќе излезат ли власта и опозицијата од ќорсокакот во кој се најдоа поради Катица Јанева? 

Ќе попушти ли ВМРО ДПМНЕ , или пак владеачката гарнитура ќе го смени ставот за Законот за СЈО?

Одговор на ова прашање јавноста можеби ќе добие денеска.

Работните групи на политичките партии ќе се обидат да постигнат договор за реформата на јавното и на специјално обвинителство, по првиот неуспешен.

ВМРО ДПМНЕ не ја сака Катица Јанева и бара опозицијата да го предложи новиот државен јавен обвинител. Тие бараат  СЈО да не функционира како посебно одделение во рамките на редовното јавно обвинителство, туку да биде дел од одделението за организиран криминал.

Со новиот закон визијата е СЈО да продолжи да работи со петгодишен мандат на Специјалниот јавен обвинител, и јавни обвинители со неограничен мандат кои ќе се избираат по пат на оглас објавен од Советот на јавните обвинители. Исто така постапката за разрешување на Специјалниот јавен обвинител ја покренува Јавниот обвинител, а одлуката за разрешување ја носи Советот со мнозинство. Предводникот на СЈО ќе има и обврска да поднесува шестмесечни извештаји до Јавниот обвинител и Советот, како и за било каков напредок во преземената истрага. Зголемување во надлежностите на СЈО ќе има со тоа што се предвидува вклучување на гонење на кривични дела за кои се осомничени највисоките државни функционери, како Претседателот на државата, избрани или именувани функционери од страна на Собранието или Владата, амбасадори, градоначалници, одговорни лица во политичките партии, воени лица и други вршители на јавни функции.

Ако и на денешната средба не се најде компромис околу новиот Закон за СЈО, за судбината на законот ќе одлучуваат осумтемина пратеници кои ВМРО ДПМНЕ им даде црвен картон.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан