23 Април, 2024
0.0570

ОПОЗИЦИСКИТЕ ГРЦИ УПОРНИ: Македонија може да биде „Централна балканска република“

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Коалицискиoт партнер во владата на Алексис Циплас, партијата „Независни Грци“, не отстапува од својата позиција против сложено име и вклучување на терминот Македонија во него. 

Од партијата велат дека само ќе го прифатат името „Централна Балканска Република“. 

Заменик-министерот за земјоделство, Василис Кокалис, портпаролот на партијата Мадалена Пападопулу и заменик-претседателот на парламентот Димитрис Каменос, кои се од „Независни Грци“, во одделни интервјуа истакнаа дека не го прифаќаат терминот Македонија во името на „соседната земја“.

„Ние, „Независни Грци“, велиме „не“ на употребата на името Македонија или производни зборови, а предуслов за секое решение е уставна ревизија, промена на Уставот, бидејќи нема ниту македонска националност, ниту македонски идентитет, ниту постои македонски јазик и се разбира одлуката да биде „ерга омнес“, рекла Мадалена Пападопулу пред грчката телевизија „Скај“. 

Заменик-министерот за земјоделство Василис Кокалис исто пред телевизијата „Скај“ изјавил дека до неколку дена ќе се знае дали преговорите ќе завршат со договор. Тој упатил и критики кон македонската страна. „Три пати ја прекршија Времената спогодба од 1995 година и се гледа како преферираат имиња кои имаат иридентистичка цел, како што е Северна Македонија, како што е горна Македонија“, рече Кокалис. 

Тој додаде дека приврзаниците на составно име, кои се мнозинство меѓу политичките партии, но не се мнозинство од грчкото општество, треба да му објаснат на грчкиот народ „зошто од страна на Скопје се бескомпромисни“.

Еден од потпретседателите на грчкиот парламент, Димитрис Каменос, исто така од редовите на „Независни Грци“, изјавил дека неговата партија, ако во парламентот дојде име без терминот Македонија, би гласале „за“, но инаку остануваат на нивната позиција . „Ако во Македонија нема име, ако се вика, на пример, Централна Балканска Република, сигурно ќе гласаме“, изјавил Каменос за „Скај ТВ“. 

Тој откри дека се сомневал дека пратеничката група на „Независни Грци“ би можела да има пратеници кои ќе го поддржат композитното име, и во тој случај тие мора да ја напуштат партијата. Во однос на претстојните протести, заменик-министерот за земјоделство Кокалис објасни дека „политичар се оценува според позицијата и гласањето во парламентот, а не од неговото присуство на протестите“. Додека неговиот сопартиец Димитрис Каменос рекол дека ако има протест во Атина, тој ќе отиде.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор