24 Април, 2024
0.0275

Општествено одговорен HR проект за студенти организиран од страна на Сенсум Тренинг и Коучинг во партнерска соработка со HR World

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Промените и динамиките во современото бизнис окружување се поизразено ја менуваат и мапата на бараните вештини и знаења од страна на идните професионалци кои треба да се вклучат и да почнат да ја градат својата кариера на пазарот на труд. Оттука важноста на функцијата Човечки ресурси станува се поважна функција, но и професија која треба да излезе во пресрет на таквите промени.

Идентификувајќи ги таквите трендови, дел од македонските едукативни центри во соработка со ЧР организации го стартуваат проектот HR STARTER – Македонија 2018/19 – бесплатен двомесечен курс за дипломци и студенти од завршните години од универзитетите во Македонија. Г-ѓа Зорица Поповска, сопственик на Сенсум Тренинг и Коучинг, воедно и еден од организаторите на проектот, истакна дека целта на програмата е практично да се збогатат знаењето и вештините на студентите за идната кариера во доменот на човечки ресурси, како многу популарна и посакувана работна позиција во современите услови на работење. 

Програмата се состои од 6 тренинг денови и три “meet-up” настани на кои повеќе од дваесет ЧР професионалци од регионот ќе им пренесат на студентите практично знаење од областа човечки ресурси. Младите во текот на овие два месеци ќе имаат најразлични тимски задачи што ќе влијае на нивните способности за работа во тим, потребата за заедништво и поголема толеранција. Работата на тимовите ќе ја надгледува ментор, професионалец од областа на човечки ресурси со повеќегодишно искуство. 

HR STARTER – Македонија 2018/19 ќе се реализира во периодот од 07. Март до 16. Април и ќе биде заснован на иновативен пристап кон HR-от како стратешка функција во компанијата. Во текот на овој период студентите ќе се запознаат со широко знаење од областа на човечките ресурси – од основните процеси и активности, па се до модерните HR принципи како што се „data-driven, agile mindset, mobility, ownership, empowerment...“ како и нивна практична примена. Ова знаење на учесниците ќе им го пренесат предавачи од компании од различни индрустрии од бизнис опкружувањето: од IT- индустријата, од фармацевтски комании од финансиски институции итн.

Покрај за студентите, овој проект се отворен и за сите компании кои сакаат да се вклучат и да дадат свој придонес за развој на оваа функција, но и да ги слушнат мислењата и искуствата на студентите. На тој начин ќе се вклучат во градењето на афирмативно деловно окружување, одблиску ќе разберат што е важно за „милениумците“ и ќе создадат платформа за отворен дијалог помеѓу засегнатите страни на современиот пазар на труд. Препознавањето на човечкиот потенцијал како најважен ресурс е од клучна важност за развојот на една современа организација.

Во текот на летните месеци слична програма е успешно спроведена во партнерство со Центарот за развој на кариера при Универзитетот во Белград и во Црна Гора, есента 2018 година.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка