24 Април, 2024
0.0267

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОСТАВИ ОДГОВОР НА ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ „МОРАТОРИУМОТ“

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска во Уставниот суд на Република Северна Македонија, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, достави одговор на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година.

Врз основа на тврдења наведени во Иницијативата, ја информираме јавноста  дека Деталните урбанистички планови кои што се опфатени во Одлуката за начиниот на применување на деталните урбанистички планови од 27.3.2019 година, не се усогласени по ниту еден основ со Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 година.  ДУП-те кои се опфатени со одлуката од страна на Општина Центар, се констатирани како штетни и како локална самоуправа сметаме дека директно и индиректно ќе влијаат врз загрозување на животот и правата на граѓаните кои произлегуваат од планската документација, доколку останат во сила.

Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање. Ако генералните урбанистичките планови служат за да ја одредат намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, деталните урбанистрички планови служат за разработка и спроведување на ГУП-от,  согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Според тоа, ниту едно право, вклучувајќи го и правото на сопственост, не смее да биде исклучиво над друго право. Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 до 2022 и деталните урбанистички планови, не смеат и не ги третираат поединечните права како исклучиви над преостанатите поединечни права.

Од тие причини, Општина Центар смета дека Иницијативата од страна на подносителите е неоснована.

За потребите и подготовката за изработка на одговорот на Иницијативата за оцена на уставноста и законитоста, се вклучи и експертската јавност, вклучувајќи професори од Уставното право, Управното процесно право и Казненото право.

Во наредниот период, Општина Центар очекува позитивен исход од Уставниот суд, со што нема да поведе постапка по однос на поднесената Иницијатива.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП