25 Април, 2024
0.1713

Општина Шуто Оризари ќе добие нова градинка

Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и постојаниот претставник за развој на Обединети нации Луиза Винтон ја посетија опожарената градинка во Општина Шуто Оризари “8 Април” при што најавија дека за 18 месеци општината ќе добие нова градинка. 

Финансиските средства за клучните инфраструктурни интервенции во висина од 700.000 долари се целосно обезбедни од Министеството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран од Програмата за развој на ОН (УНДП) присутна во земјата.

“За 18 месеци оваа градинка која што предходно беше опожарена ќе биде целосно реконструирана и 140 деца коишто предходно беа опфатени повторно ќе се вратат во соодветни услови да се развиваат и да престојуваат во текот од денот да го добиваат соодветното предучилишно образование. Дополнително со реконструкцијата е предвиден и простор за опфат на деца во јасли  или за дечиња од 9 месеци до 24 месеци,  со тоа што и дневниот центар за деца на улица кој што предходно постоеше во предходната градинка исто така ќе биде оспособен со посебен влез и ќе може да биде користен од страна на децата кои што во моментот се во даден ризик или се деца на улица. Јас би сакала во име на Владата во име на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија да изразам благодарност до Кралството Норвешка и до УНДП во Македонија кои што навистина целосно ќе го спроведат  овој проект и финансиски ќе го подджат поради тоа што најважно ни е децата да бидат заштитени и да немаме деца коишто ни се надвор од предучилишно образование. Ние како Влада се обврзавме за тоа и со сите чекори ќе покажеме дека ќе се грижиме децата да го добијат соодветното образование и соодветната заштита“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Луиза Винтон рече дека старата опожарена градинка ќе добие сосем нов лик.

„Како и кај многу други катастрофи, несреќата во Шуто Оризари претставува можност „повторно да се изгради подобро“. Идејниот проектот подразбира обнова на објектот и обезбедување побезбедна и потопла средина соодветна за сите деца, вклучително и децата со попреченост. Сето ова ќе има и позитивен импакт на квалитетот на живот во општината, а посебно врз семејствата на кои што ќе им се отворат нови можности за вклучување на пазарот на трудот.“ – потенцираше постојаниот претставник на УНДП во земјава, Луиза Винтон.

Старата опожарена градинка,  единствена од таков тип во општината, на простор од 1500 м2, ќе добие нов лик според сите светски стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст. Новиот објект директно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени на предшколскиот систем.

Истовремено, новиот простор подразбира и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 50 деца што ќе значи и зголемена инклузија на децата – Роми од предшколска возраст. Исто така, планирано е отворање и на јасли групи кои досега не постоеја во општината.

Според сите светски стандарди и практики за ваков тип на јавни објекти, просторот ќе биде и целосно прилагоден за нега и згрижување и на деца со попречености кои ќе имаат можност непречено да ја следат наставата во објектот. Изградбата ќе ги следи и препораките за обезбедување на енергетска ефикасност и лесно одржување на просторот.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan