24 Април, 2024
0.0272

Општина Тетово смета дека не заслужува карантин, апелираат граѓаните да ги прекинат семејните посети

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Од општина Тетово не сметаат дека кај нив треба да се воведе карантин. За Фактор нагласуваат дека бројката на заболени се намалува, а граѓаните се повеќе стануваат свесни и дисциплинирани. 

„На 03.06.2020 година во Тетово и општините околу Тетово, денес се регистрирани 5 нови случаи со KОВИД-19, со што вкупниот број на дијагностицирани изнесува 234. Досега се излечиле 131 лица, со што е бројот на заболени активени во Тетово и петте околни општини е 81“, велат од кабинетот на градоначалничката Теута Арифи.  

Нагласуваат дека новозаболените се оние кои се регистрирани од проверката на спортските клубови.

„Важно е да кажеме дека позитивните случаи од денес се главно од скринингот на спортските клубови во општина Тетово“, објаснуваат од општината.

Инаку деновиве почна скринингот за тренинг фазата на фудбалските клубови во Македонија, кој покажа дека има позитивни од два тетовски фудбалски клуба. Фудбалерите се тестираа со цел да се даде пас за старт на тернинзите на клубовите. 

По општини, вкупниот број е по следниот редослед: Општина Тетово 129 (починати 9), Општина Боговиње 52 (починати 6), Општина Тетово 24 (починати 2), Општина Брвеница 15 (починат 1), Општина Јегуновце 7 (1 починат), и Општина Желино 7 заразени (починаа 3 лица). 

Секторот за внатрешни работи во Тетово информира дека за време на викендот во општина Тетово и околните општини се регистрирани 86 прекршоци за непочитување на правилото за носење на заштитни маски, а на овие граѓани им се изречени казни во согласност со законските одредби кои се во сила.

Во изолација по одлука во општина Тетово има вкупно 224 лица, во самоизолација 35, додека во државниот карантин во капацитетите на Попова Шапка има 176 лица. 

СВР Тетово информира дека во текот на овие денови издадени се 52 налози за непочитување на правилата за заштита, како носење на заштитни маски од страна на граѓаните. 

Од општината апелираат граѓаните да престанат со семејните посети и посети на пријатели.

„Апелираме граѓаните да бидат особено внимателни, да ги почитуваат мерките и препораките, да носат заштитни маски, да ја одржуваат социјалната дистанца и постојано да ги мијат рацете. Овој вирус е и ќе биде меѓу нас долго време, па затоа е многу важно сите да се однесуваме одговорно, заштитувајќи се себеси и другите околу нас. Исто така, го повторуваме нашиот повик граѓаните да престанат со домашни семејни посети и посети на пријатели, бидејќи веќе се докажа дека инфекцијата во најголем дел се должи на меѓучовечки контакт во затворен простор, каде што граѓаните остануваат на подолг временски рок. Како што споменавме многупати претходно, најранлива категорија се старите лица и лицата со хронични заболувања, затоа апелираме до овие категории, да бидат посебно многу внимателни во однос на почитување на заштитните мерки и крајно да внимаваат и да избегнуваат контакти со други лица. Ова е време кога мора да бидеме сведоци на социјална солидарност и висока граѓанска свест, бидејќи нашите постапки директно влијаат на здравјето и благосостојбата на нашето семејство, пријателите и роднините“, велат од општина Тетово.

Од Кабинетот на градоначалничката на тетово, Теута Арифи, за Фактор велат дека тие не очекуваат овој град да се најде под карантин, односно Владата да донесе таква одлука за оваа општина. 

„Во последниве денови на терен може да се забележи дека мерките целосно се почитуваат, односно сите граѓани ги носат заштитните маски. Исто така, ако првите денови откако се отворија локалите можеше да се забележат зголемен број посети и гости, а сега во нив може да се види дека се присутни се помалку граѓани. Практично, и по апелите на општината, граѓаните како да се освестија и ја прифатија реалноста, и се повеќе ги почитуваат мерките. Дека е така, се покажува и преку намалениот број на заболени од нашата општина“, велат од кабинетот на градоначалничката Арифи.

Како што е познато, вчера во Тетово беа регистрирани 14 нови заболени. 

Оттаму додаваат дека и СВР Тетов врши засилени проверки на граѓаните за тоа дали носат маски. Исто така, засилени контроли се вршат и на лицата кои се во изолација, односно се проверува по два пати дневно дали тие ги почитуваат мерките. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП