Орбан го брани Путин: Не сака ЕУ да воведе санкции за Русија
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2023
Ќе ставиме вето на новите санкции на ЕУ против Русија, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој тврди дека санкциите нема да ја ослабат Русија, туку ќе нанесат штета на европската економија. Украина ја повика Европската Унија (ЕУ) да ја стави руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ под санкции.
Против е Унгарија, која има нуклеарна електрана изградена со руска помош и планира да ја прошири со „Росатом“. Орбан и претходно ги бранеше политиките на рускиот претседател Владимир Путин.
Слични ставови има и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, за што руски пропагандист го пофали.