Орбан го призна поразот: Опозицијата ќе ја „буди“ Будимпешта во Европа
Објавено во: Свет 14 Октомври, 2019
Гергели Карашоњи е новиот градоначалник на Будимпешта откако успеа да го победи противникот Иштванм Тарлош на локалните избори во Унгарија. Карашоњи е кандидат на опозицијата и ова е прв пат по десет години партијата на премиерот Виктор Орбан Фидес, да изгуби.
Доцна синоќа откако стана јасно дека опозцијата победува, Орбан го призна поразот, рече дека Будимпшета изгубила добар градоначалник но дека тој си добил добар консултант. Рекол и дека ова биле демократски избори во Унгарија. Сепак опозицијата победи во десет градови што е сигнал дека работите во Унгарија се менуваат.
Новиот градоначалник изјави дека Будимпешта ќе се разбиди нова и во Европа.