ОРБАН ЈА ЈАКНЕ АРМИЈАТА: Воведува нов данок за компаниите за да ги ограничи цените на енергијата
Објавено во: Свет 27 Мај, 2022
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека воведува нов
данок за компаниите со цел да одговори на поскапувањето поврзано со војната во
Украина и да ги финансира новите трошоци за одбрана.
Веста доаѓа еден ден по воведувањето на втората вонредна состојба поради руската офанзива, додека првата, поврзана со епидемијата на Ковид-19, истекува во вторник.
Во видеото објавено на Фејсбук, Орбан објаснува дека новиот данок се однесува на „банките, осигурителните компании, трговците на големо, малопродажните синџири и енергијата, телекомуникациите и авиокомпаниите“.
Така издвоените пари годинава и во 2023 година ќе се искористат за две работи: за зајакнување на армијата и за ограничување на цената на енергијата и водата.
-Војната и „бриселската политика на санкции“ против Русија доведоа до „раст на цените“ што заедно со растот на стапките „донесува дополнителен приход на банките и мултинационалните компании“, ја објасни својата одлука унгарскиот премиер.
„Детали и бројки“ во врска со оваа мерка ќе бидат објавени во четврток, додаде Орбан.