ОРДАНОСКИ ЗА НАВРЕДИТЕ ШТО ГИ ТРПИ: На 52 години не можам да станам манекен, ме нарекуваат „дебел“, „прасе“, но немам комплекс
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2021
Се уште не
стивнуваат реакциите во јавноста откако поранешниот директор на АЕК, Роберт
Орданоски на Фејсбук објави дека по 18 години брак се разведува од неговата
сопруга Агнеса Органџиева. Коментарите се на сметка на двајцата, има и навреди
и бројни критики.
Како најзасегнат од навредливите коментари, Ордановски, во интервју за „ММС“ вели дека се обидува да ги игнорира навредите на луѓе коишто не знаат каква е неговата состојба и што му се случувало во животот.
Не реагирам на коментарите. Што да правам со нив? „Дебел“, „прасе“ .. Јас сум свесен за својот физички изглед и немам комлекс. Таков сум роден полничок и цел живот сум. Порано мислеа дека сум дебел бидејќи сум директор ама еве сега четири години не сум директор и пак сум полничок. Таква ми е конституцијата, се качувам на Водно и не јадам, ама… Кој ме сака таков одлично, а на кому му смета мојот физички изглед нека не ме гледа воопшто. Јас сум тој. На 52 години што можам да сменам. Да почнам од почеток, да станам манекен… Лани имав сериозни здравствени проблеми и тој момент ми е малку тажен. Имав висок притисок, имав запушена каротидна артерија и која е предуслов за разни ситуации од кои некои се фатални. За коментарите за неа не сакам да ги читам, некои ја поддржуваат, некои не. До вчера мислев дека имаме идеален брак, вели Орадновски.
ФОТО/Фејсбук