23 Април, 2024
0.0273

ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА СВАДБИ ДА ПРЕДЛОЖАТ ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА - но конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски вчера вечер се сретнале со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови, со кои разговарале за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, како и за мерките за поддршка на стопанството и граѓаните од Петтиот пакет, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Вицепремиерот Битиќи, како што соопштуваат од неговиот кабинет, посочил дека Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот се најпогодените гранки од пандемијата и затоа, во сите пет сета, креирани се мерки со кои токму овие гранки се најмногу поддржани.

Со петтиот пакет на мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50 отсто, а со Законот за државна гаранција, кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Пауновски нагласил дека здравјето на граѓаните е најважно и дека протоколите кои се предложени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, се токму во насока на заштита на јавното здравје. Тој гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето на санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, вкупно се санкционирани 471 правно лице, за непочитување  на протоколите.

На состанокот, вицепремиерот Битиќи и директорот Пауновски, повториле дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет,  а со претставниците на категоризираните ресторани за свадби се договориле да биде доставен предлог протокол за нивна работа, којшто ќе биде проследен до Комисијата за заразни болести на разгледување.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска