Оригинална честитка за Вардар и од конкурентите
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Денес ЈП Паркинзи на Општина Центар излезе со оригинална идеја за дочек на нашите ракометари.
Имено, ракометарите на РК „Вардар“ од аеродромот „Александар Велики“ се упатија кон влезот на Скопје и се движеа по булеварот Александар Македонски, па по булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ каде што се наоѓа јавното претпријатие ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Зградата каде што се сместени канцелариите на ЈП ПОЦ беше цела украсена со македонски знамиња и со голем траспарент на кој пишуваше ДОБРЕДОЈДОВТЕ ШАМПИОНИ.
„И покрај тоа што ПОЦ е поддржувач на најтрофејниот клуб Работнички, неизмерно сме горди на успехот на македонските ракометни херои и спремивме изненадување за дочекот на најновиот европски шампион РК ВАРДАР. Добредојдовте шампиони, горди сме на вас!“ -изјави директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ.