28 Март, 2024
0.0343

Орка холдинг: Нема полициска акција, компанијата Монт е чиста

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Нема полициска акција, туку контрола од двајца инспектори на МВР на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата, известија попладневно од компанијата Монт, дел од Орка холдинг. Некои медиуми јавуваа за полициска акција во фирмата на Орце Камчев поврзана со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори. 

Најостро и со целосна одговорност ги демантираме денешните сензационалистички и неточни информации за полициска акција во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Јордан Камчев. Не станува збор за полициска акција, туку за контрола од стана на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата. Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија, стои во соопштението од Орка холдинг.

Додаваат дека со овие информации им се прави штета на угледот на приватните компании

„Ниту компанијата Монт, ниту Орка Холдинг на било каков начин имаат учествувано во предизборната кампања на Гордана Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на Polyesterday-компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Polyesterday по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото, стои во соопштението.

Велат дека изнесувањето на информациите во јавноста на овој начин е пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нивните брендови. 

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење