Оштетената пруга создаде проблем со снабдување на старо железо
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2019
Поради оштетување на дел од железничката пруга, прекинат е сообраќајот меѓу Скопје и Репубика Србија.
Од Макстил АД Скопје велат дека се создава проблем со снабдувањето со старо железо кое за нив е основна металуршка суровина.
„Последиците од овој прекин може да бидат непроценливи бидејќи се доведува во прашање континуитетот на производствените активности, а следствено на горенаведеното и на почитувањето на роковите на испораката на финалните производи“, реагираат од Макстил.
Наведуваат дека пазарните позиции кои се стекнати може да бидат загрозени.
Тие не можат да го планираат производствениот циклус затоа што алтернативен превоз нема.
Минатата недела пругата кај кумановското село Черкезе беше оштетена откако воз излета од шините.