25 Април, 2024
0.0268

Оштетени штедачи на Еуростандард банка: Ултраризични кредити се делени на вересија

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

И после неполни четири месеци од затворањето на банката никој се уште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот, пишува вонајновотосоопштение од оштетените штедачи на пропаднатата Еуростандард банка. Прават паралела со пресудата за украдени ќебапи на судотво Велес во 2015 година па велат дека во тој случај има осуден за издржување на казна затвор од три години за кражба на храна од 100 евра, а во случајот со банката крадците, како што велат, на околу 60 милиони евра од депозити во надгледувана банка биле добро познати, но биле народни херои кои уживаат со украдените пари и се уште шетале слободно.

„Првите луѓе на Надзорниот, Кредитниот и Управниот одбор во Еуростандард банка се оние кои ја иницирале, започнале, организирале и развиле кражбата на депозитите преку разни злоупотреби и манипулативни шеми на делење кредити без соодветни покритија, давани пари за да не се вратат. Да не биле овие организатори и имлементатори на криминалот во банката, парите не би биле ни покрадени. Во повеќе наврати, Трифун Костовски, главниот сопственик и долгогодишен прв човек на Надзорниот одбор на банката, јавно обзнани конкретни примери на злоупотреби и чист криминал со делење на пари на име на кредити без покритие. Дека е тоа така сведочат и многуте непокриени кредити за кои не е платено ниту една рата со години. Извештајот за состојбата на банката изготвен од стечајниот управник Душко Тодевски идентификува и многу случаи со давани ризични кредити на поврзани фирми, потоа фирми кои користеле кредити само со едно исто покритие или без покритие, фирми без направен договор за кредит, па се до фирми кои добиле и стотици илјади или милиони евра во кредити единствено покриени со меница. Ултра ризични кредити делени на вересија, стои во соопштението.

Според оштетените штедачи еден од начините како се делеле парите јавно го потврдил и Николче Петковски, долгогодишен прв човек на Управниот одбор. Го обвинуваат дека е соучесник. 

„Доста е! Вистината мора да се открие и правдата мора да се задоволи. Детето кое остана без парите за операција кои пропаднаа во Еуростандард банка треба да знае кој е одговорен за неговата животна трагедија. Самохраната мајка на која и пропадна целата заштеда во банката заработена од тешката работа во странство остана болна на улица со своето дете и исто така болни и стари родители. Луѓето што загубија пари од продаден личен имот или и оние кои целата своја заштеда правена со години ја чуваа за да купат свој дом и за да не живеат под кирија. И две илјади фирми на кои им се заробија сите пари во Еуростандард банка а се законски должни да работат само и единствено преку банкарскиот систем. Не се откажуваме од нашата конечна цел и нема да прифатиме да бидеме оштетени и ограбени од крадци и криминалци кои делувале организирано во континуиран грабеж на банката и сега уживаат со нашите пари сместени во нивните џебови. Доказите се видливи и се пред нас. Се надеваме и очекуваме дека приказните кои ги слушаме од овие првотимци од банката на пишани и телевизиски медиуми ќе имаат можност да си ги прераскажуваат меѓу себе со години во казнено-поправен дом, а ние оштетените да наплатиме од имотите и средствата од нив лично и од нивните семејства како дополнување на загубата предизвикана од овој масовен криминал, велат оштетените штедачи.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?