23 Април, 2024
0.0252

Оштетените штедачи на Еуростандард банка: Уставниот суд приоритетно да одлучува за нашето барање

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Депонентите на пропаднатата Еуростандард банка бараат Уставниот суд итно да решава по поднесената иницијатива од Адвокатското друштво „Кузмановски“ од 28 октомври минатата година, за оценување на законитоста и уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, со очекување за негово укинување. Велат дека со тој чин, ќе се отстрани нееднаквоста и дискриминацијата на сите останати доверители во однос на Фондот за осигурување на депозити кој е прв за исплата од сите доверители и воедно ќе се овозможи да сите доверители, физички и правни лица, добијат шанса да барем делумно ги повратат своите депозити преку стечајната постапка.

„За да се намалат страдањата и да се избегнат можни трагедии на цели семејства како дел од обичниот народ во оваа земја како и фирми кои се соочуваат со тешки предизвици во работењето со оглед дека и нивните средства се заробени во банката, апелираме до Уставниот суд да што поскоро одлучува и ја донесе конечната одлука по поднесената иницијатива. Што поитно се одлучи, штетата ќе биде помала по оние кои немаат никаква вина за грабежот во банката, а ги довериле своите тешко заработени лични средства во финансиска институција регулирана и контролирана од Народна банка.

Со носење на правична одлука од страна на Уставниот Суд ќе значи дека во државата се уште се применува начелото на владеење на правото и начелото на еднаквост на сите странки во стечајната постапка. На тој начин, Уставниот суд ќе помогне во намалување на и онака големите штети на доверителите, не само материјални туку пред и се здравствени. Затоа, бараме и очекуваме уставните судии да одлучуваат приоритетно по ова горливо прашање. Веруваме во правдата која ја очекуваме да дојде многу скоро и да ни помогне да ја надминеме, барем делумно, оваа наша тешка агонија и неизвесност, стои во нивното соопштение.

Додаваат дека поминаа повеќе од пет месеци од затворањето на Еуростандард банка. Околу 3.000 семејства останаа без своите лични заштеди и средства на тековни сметки 

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска