Оштетувале табла со новото уставно име на граничниот премин Деве Баир
Објавено во: Македонија 29 Март, 2020
Табла со државното име поставена на објектот од Агенцијата за храна и ветеринарство вчера била оштетена на граничниот премин Деве Баир.
Случајот бил пријавен вчера претпладне во Полициска станица во Крива Паланка, од страна на С.Т.(57) од Куманово, вработен во Агенција за храна и ветеринарство.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.