29 Март, 2024
0.0236

Осигурителните компании да не делат дивиденда: Препорака од регулаторот АСО

Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Падот на приходите на осигурителните компании за 5 отсто лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците и зајакнување на солвентноста на компаниите, како и промени во правилата за пресметка на технички резерви се клучните причини за оправданоста на препораката на АСО

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)  им препорача на осигурителните друштва кои 2020 година ја завршиле со добивка оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување, соопштија од Агенцијата. Претходно денеска и  Народната банка извести дека донела одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. 

„АСО согледувајќи ги состојбите на осигурителниот пазар во актуелниот контекст одлучи дека постојат неколку објективни околности кои целосно ја оправдуваат препораката за воздржување од исплата на дивиденда. Еден од клучните фактори за носење на препораката е фактот што вкупните приходите од бруто полисирана премија (БПП) на целиот осигурителен пазар лани се намалени за 5 отсто во споредба со претходната година. Дополнително на горенаведеното врз носењето на препораката влијае и тоа што од почетокот на годинава побарувањата нема да се признаваат како средства за покривање на техничките резерви на осигурителните друштва.

Со цел зголемување на заштита на правата на осигурениците односно купувачите на осигурителните полиси и истовремено зајакнување на солвентноста и стабилноста на осигурителните компании АСО донесе три суштински значајни правилници чија примена стапи на сила од почетокот на оваа година. Имплементацијата на овие правилници за осигурителните компании ќе значи дополнителни вложување финансиски средства и ресурси, стои во соопштениетоод АСО.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.


Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка