Османи: Чаир е против тајни коалиции
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2017
Бујар Османи, шеф на изборниот штаб на ДУИ, истакна дека Чаир е против било какви тајни коалиции и граѓаните се свесни за обидите за манипулации во пресрет на вториот изборен круг.
„ДУИ ја зеде во предвид пораката од претходните избори и внесе нова енергија, со нова програма и квалитетен кандидат кој претходно немал никаква политичка или партиска поврзаност“ изјави Османи.
Според него Висар Ганиу е ново име во Чаир со сериозен пристап и програма која им одговара на потребите на граѓаните. ДУИ јавно ја истакна коалицијата со СДСМ на локално ниво во Чаир и така сите знаеја за кого гласаат. Од друга страна има обиди за формирање на тајна коалиција.
Османи не прецизираше кои партии ќе влезат во таа „тајна“ коалиција. Нивниот против кандидат Зеќирија Ибрахими од БЕСА заврши на второто место според освоените гласови и за да ја надомести разликата ќе му треба поддршка од гласачите на Алијансата која немаше силен одзив во Чаир или од ВМРО-ДПМНЕ на што ДУИ силно реагира.
Во продолжение прочитајте ја и анализата на Фактор зошто Чаир е една од клучните општини за успех на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ како на централно така и на локално ниво.