20 Април, 2024
0.0374

ОСМАНИ: Имаме мнозинство, ама кој влегол ќе биде соопштено наредната недела

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Веќе наредната недела ќе се знае кој се ќе го сочинува парламентарното мнозинство, изјави денеска Бујар Османи, министерот за надворешни работи. Тој рече дека владеачката коалиција го обезбедила мнозинството, но не кажа кој е 61 -виот  пратеник.

„Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата, изјави Османи на прес-конференција за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година.

Во однос на преговорите со Алтернатива, Османи истакна дека тие разговори се заеднички помеѓу сите коалициски партнери, меѓутоа, како што кажа, во име на сите коалициски партнери истите ги спроведува премиерот, бидејќи, рече, „ние имаме разговори, меѓутоа, конкретните детали во однос на програмата на Владата ги пренесува премиерот во координација со нас".

Османи истакна дека наредниот период е исклучително важен за стратешките правци на државата за постигнување на одредени стратешки цели. Според него, секоја дестабилизација на Владата во овој период може дополнително да влијае негативно на постигнување на тие цели и да ја претвори државата од дел од решението во дел од проблемот.

„Мислам дека никој во државата не сака да се впери прст кон државата како причина за нерешавање на одредени прашања или, пак, незапочнување на преговорите со Европската Унија, бидејќи не бевме досега така. И покрај тоа што бевме предизвикани на сите можни начини, и внатре, и надвор, не дозволивме државата да биде дел од проблемот, туку да биде проактивната страна која се обидува да најде решение, истакна Османи кој дополни дека смета дека во овој период Владата треба да продолжи како што е, се разбира, како што рече, „со зајакнување на нејзините капацитети и поддршка во Собранието", рече Османи.


Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители