28 Март, 2020
0.0292

Османи со фотка од Ахмети објави за шпанската ратификација

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020

Долниот дом на шпанското Собрание го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, со 279 гласа „за“. Ова е прва фаза од процесот, а втората ќе финишира кога Сенатот на Шпанија ќе ја одобри ратификацијата по што Македонија и официјално ќе стане 30 земја членка на НАТО.

Информацијата ја објави и вицепремиерот Бујар Османи кој за радосната вест сподели и фотографија од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.


Шпанија беше единствена земја која не гласаше за ратификација на Протоколот за членство на земјава во НАТО, поради изборите кои таму се одржаа на крајот на минатата година. 

Инаку македонското Собрание на 11 февруари со 114 гласа „за“ го изгласа Законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Ратификацијата на Протоколот беше со одложено дејство и ќе стапи на сила откако протоколот ќе биде ратификуван и од шпанскиот Парламент. Шпанија е последната од 29 земји членки на Алијансата која требаше да го ратификува протоколот. 

Завршена е првата фаза на ратификување на нато протоколите во собранието на Шпанија! Долната просторија, со 279 гласа „за“, го ратификуваше протоколот за адери. Започнува втората фаза, во Сенатот на Шпанија, со која Република Северна Македонија дури станува и 30-та земја членка на НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Започнува летното сметање на времето

Започнува летното сметање на времето

Респираторите од Турција ќе бидат донесени со воен карго авион, донација на тестови од Агенцијата за атомска енергија

Респираторите од Турција ќе бидат донесени со воен карго авион, донација на тестови од Агенцијата за атомска енергија

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Граѓаните во брзање пред полицискиот час

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Граѓаните во брзање пред полицискиот час

Мицкоски: Утре гледајте не со Горазд на телевизија, ќе добиете многу одговори

Мицкоски: Утре гледајте не со Горазд на телевизија, ќе добиете многу одговори

Чулев: Генералниот секретаријат на Владата го избра сместувањето во центарот на Битола

Чулев: Генералниот секретаријат на Владата го избра сместувањето во центарот на Битола

Денеска и утре порано започнува полицискиот час

Денеска и утре порано започнува полицискиот час

Велешкиот градоначалник негативен на тестот откако неговата сопруга се најде во контакт со заболени

Велешкиот градоначалник негативен на тестот откако неговата сопруга се најде во контакт со заболени

Општина Битола: Да нема фобија против изолираните од Малта

Општина Битола: Да нема фобија против изолираните од Малта