ОСНОВАЧОТ НА БИОНТЕК, НАУЧНИКОТ УГУР САХИН ТВРДИ: По бустер дозата, доволно е само еднаш годишно „освежување“
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2021
Научникот, Угур
Сахин, основач на фармацевстката компанија БиоНТеек, која заедно со Фајзер ја
развија mRNA вакцината против
ковид, во денешното интервју за Bild am Sontag, вели дека вакцинацијата против корона вирусот дефинитивно ќе бидек како како
вакцинација против грип.
-Вакцинациите против корона вирусот во моментов масовно се „освежуваат“, односно луѓето примаат бустер доза. Во иднина тоа би можело да биде потребно само еднаш годишно, објаснува основачот на БиоНТек, Угур Сахин во интервјуто.
Сахин посочува дека ефикасноста на вакцината се намалува најрано после четвртиот месец, а истовремено смета дека неговата вакцина е многу ефикасна.
-Вакцината, според последните анализи,го намалува дејството на заштита само „по четвртиот месец“. Заштитата од тешка болест е сè уште многу висока и девет месеци по аплицирањето, посочува Сахин, кој препорачува бустер доза за освежување на вакцинацијата, што, како што вели, помага и да се прекинат другите синџири на инфекција.
Дополнително, научникот смета дека по засилената вакцинација, годишното освежување на вакцинацијата би можело да биде доволно за избалансирана заштита од ковид инфекцијата.
„Важно е третата вакцинација повторно да ја зголеми заштитата. Според тоа, очекуваме таа да трае подолго од заштитата по двојната вакцинација, а последователните засилувачки вакцини може да бидат потребни само секоја година - слично на грипот, вели Сахин за „Билд ам Зонтаг“, пренесува RTL.de