Основачот на „Новиот биткоин“ тврди: Ќе паднат многумина, а потоа ...
Објавено во: Економија 10 Јануари, 2018
Пазарот на криптовалути ќе почувствува катастрофа, но потоа ќе се стабилизира, вели коосновачот на Етереумот, компанија која стои зад истоимената валута.
Неколку алтернативни криптовалути значајно пораснале последните неколку недели, додека се бара алтернатива за биткоинот. Една од нив е етерумот за која многумина велат дека е нов биткоин. Оваа дигитална валута прв пат во историјата помина граница од 1 000 долари.
Меѓутоа, коосновачот на етерум Чарлс Хоскинсон е загрижен поради „нереалните“ проекти околу криптовалутите кои доаѓаат до израз во последните денови.
Како што рекол, многу од тие токени кои немаат силни основи, немаат добра техника или едноставно се нереални проекти, на крај ќе наидат на некоја голема препрека, која нема да може да ја совладаат и тогаш многумина од нив сигурно ќе пропаднат, уверен е тој.
„Пазарот на криптовалути ќе зајакне и ќе се стабилизира кога пропаднат сите оние алтернативни валути на кои им фалела суштина за да успеат. Лично мислам дека ќе видиме стабилност после катастрофата“, рекол Чарлс.
Исто така, ако е за утеха, тој мисли дека многумина од тие коини нема да пропаднат баш наскоро бидејќи има уште средства кои им помагаат да се одржат.
„Проблемот е што и сега многу од нив имаат многу пари. Тешко е да пропаднат кога се вртат некаде околу 5 милиони или 10 милиони долари годишно, а вие имате на пример милијарда долари капитал“.