29 Март, 2024
0.0258

Основците од Наум Наумовски Борче победија на третиот натпревар во кодирање на микробит уреди

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

На третиот по ред натпревар во кодирање  на микробит уреди победи тимот од основното училиште Наум Наумовски Борче од Скопје. Натпреварот беше организиран во рамките на програмата „Училишта на 21-от век“ која што ја спроведува Британскиот Совет во соработка со Министерството за образование, а која што ја финансира владата на Велика Британија.

Училиштата од првата фаза на програмата беа поканети да ги предадат своите проекти електронски, а потоа стручното жири ги избра 17-те најдобри проекти за натпреварот во Скопје.Директорката на Британскиот Совет, Елеонора Запрова, во оваа прилика изјави: „Импресионирана сум од креативноста, тимската работа и ентузијазмот на учениците. Прекрасно е да се види како стекнатото знаење од програмата е применето во пракса. Децата умешно ги поврзуваат знаењата од различни предмети и на модерен начин доаѓаат до креативни и иновативни решенија за подобро утре”.

Победничкиот проект е наречен Паметен Град и се однесува на безбедно движење на луѓето со оштетен вид по улиците.Двете ученички кои го освоија првото место изјавија: “ Првиот програмер во светот била Ада Лавлејс и ние можеме да бидеме добри како неа”

Второ место освоија учениците од основното училиште Кочо Рацин Скопје, додека трето место им припадна на учениците од основното училиште 5-ти Октомври од Никуштак.

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, го отвори натпреварот потенцирајќи дека ова е еден од нејзините омилени проекти. Таа истакна дека образованието е клучно за развојот на децата, и дополнително тоа им дава вештини и знаењe, кои се потребни за успех. Таа им порача на учесниците да уживаат во натпреварот и да учат едни од други, бидејќи со вештините кои ги имаат стекнато тие се веќе победници.

Советничката од Биро за развој на образованието, Гордана Јанакиевскаизјави: „Програмата во целост ги надополнува наставните програми по информатика во основното образование и овозможува учениците да стекнат вештини за критичко размислување, решавање и анализа на проблеми и кодирање, кои се базични вештини за 21-от век. Дидактичките материјали кои ги нуди програмата содржат методи за унапредување на креативноста, на логичкото и алгоритамското размислување, вештини кои се значајни и преносливи во други научни области“.

Првите две места од националниот натпревар во кодирање ќе имаат прилика да учествуваат на регионалниот натпревар што ќе се одржи во рамките на Дигиталниот самит за Западен Балкан во април 2020 година во Тирана.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија