18 Април, 2024
0.1418

ОСТАНУВААТ ПРАЗНИ КОНФЕКЦИИ: Фирмите бараат текстилци

Објавено во: Економија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Според податоците на Агенцијата за вработување, за шивач на текстил има 232 слободни работни места во Македонија, и уште 193 слободни работни места за позиција шивач.

Фирмите имаат потешкотии, да најдат текстилни работници, а оваа професија е во топ пет најбарани занимања. Со месеци состојбата е идентична, а се очекува во иднина недостигот на работници да биде уште поголем.

„Тешко е да се најде квалитетна работна сила. Сите ги знаеме кои се факторите кои доведоа до ваква состојба. Старосната граница на работниците, иселувањето, ниските плати, сето тоа си има свој удел. Младите попрво ќе работат во продавница за помалку или за истите пари, ама нема да дојдат во конфекција. Ние работиме со помал капацитет, и ако треба да испорачаме 10.000 парчиња во месецот, ќе испорачаме 5.000, а со тоа можеме да ги изгубиме партнерите. Конфекцијата ја биеше лош глас, затоа што долго време се зборуваше дека се работи прекувремено, сабота, недела, празник, некои работи се сменети, но ќе треба да помине време додека да се подобри имиџот, но и да се дигне стандардот за да сакаат младите да работат. Сега ако се спомне конфекција, тоа е последен избор за младите“, велат од штипска конфекција.

Од оваа конфекција додаваат дека во иднина ќе биде алармантно затоа што никој не презема мерки за да нешто се смени.

„Секогаш кај мене во конфекција има слободни работни места, но млади скоро и да не се пријавуваат, туку единствено некој работник од друга фирма ако направи трансфер за поголема плата. Во Пробиштип има 6-7 конфекции, но и во другите градови е исто, на Истокот нема работници за во текстил. Работата не е тешка, но платите се мали, а младите сакаат да работат онаму каде повеќе се заработува. Ги влече странство. Бидејќи нема работници, работиме со помал обем, или наоѓаме луѓе кои доаѓаат за дневници на помош, се снаоѓаме како знаеме“, вели сопственик на конфекција од Пробиштип.

Oд текстилна фирма во Крива Паланка објаснуваат дека имаат 3 до 5 слободни работни места во секое време, но искусни работници нема.

„Доаѓаат секоја недела по неколку луѓе да прашаат за работа, но без искуство, и ние тие луѓе ги запишуваме на список, но не се потребни за вработување, ни треба кадар кој си ја знае работата“, додаваат од оваа конфекција.

Кристина Ампева од Гласен Тексилец од Штип вели дека просечно возраста на жените кои работат во текстилот е над 45 години. Ова го покажало истражување кое тие го направиле.

„Населението старее, и колку одите поисточно, толку се постари работничките. Во Штип сепак има млади жени кои би можеле да работат, но во другите градови конфекциите се празни, заминаа жените или со сопрузите во странство, или да берат грозје, јаболка во Италија“, изјави Ампева.

Таа наведува дека младите попрво ќе работат во кафулиња или ќе седат без работа, но за текстилот не сакаат да слушнат. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи