Оставки во Шри Ланка по велигденските напади
Објавено во: Свет 24 Април, 2019
Претседателот на Шри Ланка Мајтрипала Сирисена денеска побара министерот за одбрана и началникот на полицијата на поднесат оставки, зашто безбедносните сили не реагирале на предупредувањата пред самоубиствените напади во кои на католичкиот Велигден беа убиени над 350 луѓе, а стотици беа повредени.
Оваа информација денеска беше соопштена од претседателството, по информациите дека клучните функционери не реагирале на претходните предупредувања.
Сирисена во вчерашното телевизиско обраќање рече дека има намера во наредните 24 часа да ги смени сите началници на безбедносните сили.
Одговорноста за нападите врз хотели и цркви во Коломбо ги презеде Исламската држава. Еден функционер за нападите ги обвини одметнатите членови на малите локални муслимански екстремистички организации.